Српскиот дефанзивец и поранешен фудбалер на Борусија Дортмунд, Невен Суботиќ ги засили редовите на новиот германски прволигаш Унион Берлин. Суботиќ доаѓа како слободен фудбалер откако му истече договорот со Сент Етјен, а со новиот берлински клуб потпиша соработка до летото 2021 година.
Суботиќ 18 месеци ги бранеше боите на францускиот Сент Етјен, а претходно долги години играше за Борусија Дортмунд со која двапати ја освои шампионската титула, а еднаш и Купот. Имаше предиспозиции да стане еден од најдобрите одбранбени играчи во Европа, но честите повреди си го стори своето.
Има и 36 натпревари за српскиот национален тим.