Студија: Океаните може да произведуваат шестпати повеќе храна отколку денес

0

Со примена на технолошки решенија и подобро управување, океаните би можеле да произведат шест пати повеќе храна отколку денес, велат научници во извештај во кој посебно се нагласува за одгледување школки.

Авторите на извештајот предвидуваат дека океаните можат да обезбедат повеќе од две третини животински протеини од количината што експерти на ОН за храна ја проценуваат дека ќе биде потребна за да се нахрани човештвото во иднина.

Во принцип, одгледувањето храна од океанот има помалку влијание врз климата од земјоделството и не подлежи на никакви ограничувања, како што се земјиште и вода.

Морската храна е многу хранлива, содржи есенцијални витамини, минерали и масни киселини, се вели во извештајот што го претставија научниците на симпозиумот за риболов во Рим во рамки на Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО).

-Океанот има голем, нераскажан потенцијал да помогне да го нахрани светот во наредните децении, а тоа може да се реализира со тоа што влијанието врз животната средина ќе биде помала од онаа што ја произведуваат други извори на храна, објасни водачот на студијата Кристофер Костело.

– Ако направиме брзи и далекусежни промени во начинот на управување со индустријата за експлоатација на морињата и притоа ги зачуваме екосистемите, можеме да ја зајакнеме долгорочната безбедност на храната и егзистенцијата на милиони луѓе, рече тој.