18 C
Skopje
Friday, February 26, 2021

Студентите од Универзитетот во Тетово однесоа хуманитарна помош во Албанија, собрани се и 6.000 евра

Најчитани вести

Студенскиот парламент при Универзитетот во Тетово информира дека нивна делегација беше во Албанија каде во Драч ги посети населбите погодени со земјотресот, а воедно ја достави и хуманитарната помош собрана на универзитетскиот кампус. Облека, средства за хигиена, пакувања со храна, ќебиња и друго се оставени во Главниот штаб за итни случаи во Драч.

Воедно собрани се финансиските средства од околу 6.000 евра, со доброволни прилози на студентите и академскиот кадар при Универзитетот во Тетово. Парите ќе бидат доставени преку единствената државна адреса што е веќе креирана од албанската Влада за таквов придонес. (https://e-albania.al/dhuro), информираат од Студенскиот парламент при УТ.

Вчера, Сенатот на Универзитетот во Тетово на седница одлучи да донира 10 илјади евра како помош за семејствата погодени од земјотресот во Албанија.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести