11.8 C
Skopje
Monday, September 26, 2022

Студено време со северен ветер и за време на викендот, од понеделник пораст на температурите

Најчитани вести

Времето денска ќе биде променливо облачно и студено со умерен, а по должината на Поварадрието краткотрајно засилен ветер од северен правец. Претежно претпладне и особено во северните и централните делови повремено ќе провејува слаб снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -2, а максималната ќе достигне од -1 до 6 степени.

Во Скопје променливо облачно и студено со повремени врнежи од снег, особено претпладне. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 7 степени.

До недела ќе се задржи променливо облачно и студено време со умерен северен ветер. Температурите и понатаму ќе бидат значително под просекот за овој период од годината. Утринските температури ќе бидат особено ниски и на некои места ќе се спуштаат под -10 степени, најниски ќе бидат за време на викендот. Постепен пораст на температурите ќе има од понеделник.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com