13 C
Skopje
Friday, April 16, 2021

Стручњаците алармираат: „Веганството лошо влијае на мозокот на децата“

Најчитани вести

Понекогаш изгледа како полемиките за веганската исхрана да немаат крај. Додека едни тврдат дека е тоа единствен правилен начин на исхрана за човековиот организам, други се трудат да го докажат спротивното. Во втората група има сѐ повеќе научници, а истражувањата кои ги отврдуваат нивните тврдења испраќаат алармантни предупредувања.

Д-р Ема Дербишир, советничка за исхрана и биомедицинска наука, во написот објавен во списанието „BMJ Nutrition, Prevention and Health“ предупредила дека веганската исхрана може лошо да влијае врз развојот на мозокот на идните генерации.

Како што наведува Дејли Меил, најголем проблем е недостатокот на колин во таквата исхрана. Станува збор за есенцијален нутриент, особено важен за исхраната на трудниците и малите деца кои најмногу ги добиваме од месото, јајцата, млечните производи и рибата.

Клучен е за развој на мозокот на фетусот, а кај возрасните лица влијае на функционирањето на црниот дроб и генерално на метаболизмот. Исто така, важен е за создавање на енергија и учествува во изградба на телесните клетки, а влијае и на помнењето, како и на расположението.

„Трендот на веганска исхрана би можел да има натамошни последици на внесот на колин. Ни се заканува ‘изумирање на мозокот’. Исхраната врз база на билки е добра за околината, но не е добра за развој на мозокот на фетусот“, предупредила Дербишир./majkaidete.mk

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести