Home » Стружани на Исланд по историја, и по три милиони евра!

Стружани на Исланд по историја, и по три милиони евра!

by Lina Muslija

Македонскиот шампион, Струга ТЛ денеска од 18:45 часот на Исланд ќе брка историја за својот клуб и за македонскиот фудбал со можноста за пласман во групната фаза од УЕФА Конференциската лига.

Стружан ги очекува реванш средбата од плејофот во УЕФА Конференциската лига против Бредибалик, во желбата да се анулира предноста на Исланѓаните од првиот натпревар во Охрид кога славеа со 0-1.

Исланѓаните информираа дека распродадени се сите билети за пресметката во Копавогур на стадионот „Копавогсволур“ кој е со капацитет од 3.009 седишта. И за Бреидаблик ова е историска шанса за место во групите од Конференциската лига, но, и тоа како желба за изненадување постои и во таборот на Шпетим Дуро без разлика на поразот од првиот дуел и без разлика што тимот ќе биде ослабен со неиграњето на Марјан Радески.

„Знаеме дека не чека тежок натпревар, но подготвени сме за овој предизвик затоа што сме свесни дека сме пред историска шанса без разлика на негатива од првиот натпревар. Не сме тука во Исланд со бело знаме. Напротив, сигурно ќе атакуваме на победа затоа што сите момци знаат дека нема што да загубат. Не заслуживме пораз на дуелот во Охрид, но таков е фудбалот. Сега ќе ни недостасуваат некои првотимци но знам дека сите оние кои ќе настапат се подготвени да го дадат максимумот“ – вели Дуро.

И двата тима, покрај за историски пласман во групната фаза од едно европско клупско натпреварување, ќе се борат и за нив сигурно повеќе од значајните три милиони евра колку основно се добива од УЕФА за место во групите во Конференциската лига.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More