Струга, 15. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Стружанецот Стефан Спироски во чест на најголемиот христијански празник Велигден ја сними својата прва авторска песна „Овој Велигден“.
– Оваа песна ја снимив и на хрватски јазик. Текстот на хрватски го напиша Антонија Шола, а јас го напишав текстот за македонската верзија. Следуваат уште многу проекти со Антонија, вели Стефан.
Музиката е дело на Стефан и Александар Петрески кој се погрижи и за аранжманот и мастерингот. Песната е снимена во Studio Flash, а видеото е дело на Виктор Апостоловски. (Крај)