Home » Струга и ова лето со проблеми во водоснабдувањето

Струга и ова лето со проблеми во водоснабдувањето

by Журнал.мк

Струга и ова лето, се соочува со рестрикции и проблеми со водоснабдувањето. Или вода воопшто нема со часови и денови, или е слаб притисокот. Најкритично е во ек на сезоната, кога потрошувачката и потребите се двојно поголеми.

Стружани се жалат, велат во градот распослан на две води, со децении нема редовно водоснабдување. Поплаки има и од туристичките работници.

„И тоа е дел од оваа гужва што одеднаш се случува. Одеднаш побарувачката е десеткратно поголема од вообичаено. Таа цела инфраструктура треба да се пренамени и да се направи да биде добра за тие дваесеттина денови од високата сезона“, вели Крсте Блажески претседател на ХОТАМ.

Причина за проблемите со водоснабдувањето е слабата издашност на изворите во Шум и Белица од каде Струга и околината се снабдуваат со вода, поврзана со климатските промени, но и старата инфраструктура, која треба да се обнови.

„За жал сведоци сме дека повторно има недостаток на вода за пиење посебно во повисоките катови каде што опаѓа притисокот. Квалитетот на водата и редовното снабдување со вода е исклучително важно посебно за овој период. Ние и во тој сегмент сериозно потфрламе“, вели Никола Кукунешоски туристички работник.

Од Локалната самоуправа велат несовесното и нерационалното користење на водата и големиот број злоупотреби се причини за рестрикциите и проблемите со водоснабдувањето во градот.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More