14.8 C
Skopje
Monday, September 26, 2022

Стрик: Ќе го чистиме загадениот ЕУ-процес од историските и билатералните прашања

Најчитани вести

Длабоко сме депримирани од загадувањето на евроинтеграцискиот процес со историски и билатерални прашања и ќе направиме сè што е во наша моќ да се исчисти процесот бидејќи земјата заслужува еднаков третман и членство согласно со Копенхашките критериуми, кажа холандската европратеничка Тинеке Стрик на средбата со претседателот на Собранието Талат Џафери. Стрик, заедно со германскиот европратеник Рајнхард Бутикофер, предводи делегација на Зелените/Европска слободна алијанса (ЕФА) од Европскиот парламент.Потоа, на јавна дискусија во собраниската Комисија за европски прашања европратеничката Стрик нагласи:

„Македонскиот идентитет и јазик не може да бидат порекнати во Европа. Целосно го препознаваме тоа и го поддржуваме и затоа сме гласни говорници во Европскиот парламент. Ќе имаме нов годишен извештај за Северна Македонија и ќе ја вклучиме оваа изјава многу јасно во извештајот. Редно е и други земји членки на ЕУ да извршат притисок врз Бугарија со цел да се уверат дека барањата ќе се намалат“.

Долго чекавте, моравте да направите многу согласности, нагласи Стрик посочувајќи на Преспанскиот договор и на Договорот со Бугарија, оценувајќи дека е добро што имаше напредок во ЕУ-процесот, но и забележувајќи дека тоа земјаа и скапо ја чинеше поради внесувањето на историски и билатерални прашања. Со тоа, повтори Стрик, се загади евроинтегративниот процес.

За средбата на Џафери со Тинеке Стрик, која е известител во сенка и портпарол на Македонија и Бутикофер, информира кабинетот на претседателот на Собранието.

„Госпоѓата Стрик го поздрави одржувањето на денешната средба, нагласувајќи дека делегацијата во чиј состав е и самата во повеќе наврати ја посетува Република Северна Македонија и е нејзин безрезервен пријател и особено се радува за почетокот на преговорите за членство во ЕУ. Истовремено, ја изрази нивната длабока депримираност од загадувањето на евроинтеграцискиот процес со историски и билатерални прашања, посочувајќи дека нивната партија ќе направи сè што е во нивна моќ да го исчисти процесот, бидејќи земјата заслужува еднаков третман и членство согласно со Копенхашките критериуми. Нејзиниот колега Бутикофер се интересираше за процесот на уставни измени и за изборниот модел во земјата, чија реформа би овозможила фер-услови за помалите политички партии и нивна застапеност во Собранието“, соопшти кабинетот на Џафери.

Од своја страна, пак, Џафери изразил задоволство од повторната средба и се заблагодарил за одличната соработка и континуираната поддршка на Европскиот парламент за нашите евроинтеграции.

„Посебен акцент беше ставен на макотрпниот пат кој граѓаните и политичарите го поминаа за остварување на двете стратешки цели, членството во НАТО и во ЕУ, од кои едната е веќе реалност, а за втората од јули оваа година конечно влеговме во последната фаза од пристапувањето. Претседателот Џафери ги информираше соговорниците за активностите на државните институции за поддршка на институциите на Украина и приклучувањето кон санкциите кон Руската Федерација, како и за неговата посета на Украина и средбите со претставниците на државниот врв на земјата“, пишувa во соопштението.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com