25.8 C
Skopje
Thursday, July 7, 2022

СТРЕЛАНО СО ОГНЕНО ОРУЖЈЕ ВО АВИОН НА КРОАЦИЈА ЕРЛАЈНС? Летал од Загреб за Сараево, во тек е опсежна истрага на пистата

Најчитани вести

Авионот на „Кроација ерлајнс“ кој синоќа слета на пистата на меѓународниот аеродром во Сараево од Загреб, е оштетен и се претпоставува дека е тоа е предизвикано од огнено оружје, дознава Клик.ба.

Пилотот кој управувал со авионот при пристигнувањето на сараевската писта пријавил оштетување на трупот на авионот, а според првите неофицијални информации штетата настанала од пукањето.

За случајот е информирано Обвинителството на БиХ, а истрагата на пистата на сараевскиот аеродром е во тек.

Како што наведуваат медиумите, по добиените информации од спроведента редовна контрола на авионот на сараевскиот аеродром, кој допатувал со лет од Загреб, констатирано е оштетување на трупот на авионот, кое најверојатно е предизвикано од куршум од огнено оружје, дежурниот обвинител на Обвинителството наБиХ побара истрага од страна на истражниот тим, во присуство на службеници од Дирекцијата за цивилно воздухопловство на БиХ“.

Треба да се напомене дека безбедноста на патниците за време на летот не била загрозена, а со детален преглед ќе се утврди видот на штетата како и безбедноста на леталото за понатамошна воздушна пловидба. Засега не е познато каде е оштетен авионот и како дошло до инцидентот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com