Home » Страшна несреќа на српски автобус во Грција, затворен патот од границата со Северна Македонија

Страшна несреќа на српски автобус во Грција, затворен патот од границата со Северна Македонија

by Журнал.мк

Најмалку три лица загинаа, а десетици се повредени во сообраќајната несреќа што рано утрово се случи во северниот дел на Грција, во близина на границата со Северна Македонија, при судир на туристички автобус од Србија со две возила, а патот од 6.30 часот утрово е затворен за сообраќај.

Според грчката државна телевизија ЕРТ постоел директен судир на двокатен туристички автобус со 78 туристи од Србија со автомобил, загинале тројца од четворицата патници во возилото, а повредени се околу 45 српски туристи, од кои петмина се сериозно.

По директниот судир, автобусот се превртел, а во сообраќајката бил вклучен и втор автомобил, најверојатно со српски регистарски таблички, кој удрил во возилото, без да бидат повредени патниците.

По сообраќајната несреќа, автопатот од границата со Северна Македонија е затворен за сообраќај и во двата правци, а возилата се пренасочуваа кон стариот пат.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk