3.8 C
Skopje
Wednesday, October 5, 2022

Страхил Николов: Тренирајќи со најискусните, собираме искуство за иднина

Најчитани вести

Добрите игри минатата сезона во дресот на ТФТ со кого триумфира во Купот на Македонија, на Страхил Николов му донесоа повик во националниот тим за последните два натпревари во квалификациите за пласман на СП 2023.

Македонија на 1. јули против Шпанија во Сарагоса, а на 4 јули кошаркарите ги завршуваат квалификациите против Украина во Скопје.

– Првпат сум повикан, оттука можам да кажам дека е чест и задоволство што сум дел од овој тим, и да ветам дека ќе се обидам да се покажам во најдобро светло, да помогнам колку што можам сите заедно во овој циклус да дојдеме барем до една победа – вели младиот Николов.

Македонија во првите четири кола доживеа четири порази, и шансата за триумф во мундијалските квалификации ќе ја бара во последните два натпревари, пред се во дуелот против Украина.

– Би рекол дека поголеми се шансите да го направиме тоа во дуелот со Украина, затоа што сепак, Шпанија е нешто друго. Но како и да е, ќе се обидеме и со Шпанија да одиграме најдобро што можеме.

Јулските квалификации ќе претставуваат и добра шанса за младите кошаркари да се наметнат кај селекторот Драган Бајиќ. Исто така работата со најискусните репрезентативци како Војдан Стојановски и Бојан Крстевски претставува одлична можност за собирање искуство на младите кошаркари кои во иднина треба да бидат носители на играта на „црвено-жолтите“.

– Секако, собираме искуство низ овие заеднички тренинзи со доста поискусни играчи од нас. Ова време сакаме да го искористиме да собереме повеќе искуство. Секако и да бидеме дел до оваа селекција и во некои наредни акции на репрезентативниот тим.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com