Home » Странските државјани кои ќе се борат во Украина ќе добијат украинско државјанство

Странските државјани кои ќе се борат во Украина ќе добијат украинско државјанство

by Журнал.мк

Заменик украинскиот министер за внатрешни работи Јевхен Џенин изјави дека странските државјани кои доброволно ќе се борат за Украина ќе имаат право на украинско државјанство, пренесе украинската национална новинска агенција Укринформ.

-Украина формира меѓународна легија за територијална одбрана составена од странци кои сакаат да се приклучат на отпорот против руските агресори и да ја одбранат глобалната безбедност, објави Укринформ.

Чекаат 16.000 борци.

-Овие луѓе ќе потпишат договор, ќе добијат воен пасош, кој потоа ќе им ја замени дозволата за престој. Во иднина, ако некој од овие странски државјани сака да стане украински државјанин, нашето законодавство ќе му го дозволи тоа, рече Џенин.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More