Home » Стојменов: Сите во ВМРО-ДПМНЕ соработуваа со тајните служби

Стојменов: Сите во ВМРО-ДПМНЕ соработуваа со тајните служби

by Журнал.мк

Борис Стојменов, сопственик на Канал 5 телевизија, поранешен министер и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, во синоќешното издание на емисијата Во центар откри до сега нечуени детали од неговото политичко и животно минато.

-Сите од раководството на ВМРО-ДПМНЕ соработуваа со службите, освен мене. Сите до еден. Затоа не третираа изолирано. Јас најчесто седев со Љубчо и со Доста.

Стојменов вели дека Љубчо Георгиевски и зборувал на Доста Димовска” Амори Бугарке”

-А мене не смееше така да ми каже.
Сум го носел Љубчо, со порака од татко му, сум го чувал. Го носев Љубчо во Бугарија на средби со Мултигруп, шофер му бев, во 1993. Јас не се сретнав со Мултигруп, вели Стојменов.

Тој додава дека во Штип бил заменик генерален директор на Астибо и ми нуделе да оди во Белгија, да шпионира и да бидам агент на безбедносните служби во Брисел бидејќи таму имало наши бегалци.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More