Home » Стојкова Серафимовска: За да го забрза процесот за коридорите, власта го засегнува археолошкото наследство

Стојкова Серафимовска: За да го забрза процесот за коридорите, власта го засегнува археолошкото наследство

by Журнал.мк

„Нема компас ништо во оваа Влада, никој не знае каде оди, немаме стратегија за култура, за заштита на културно наследство бидејќи двете стратегии завршија минатата година, ниту пак има најава дека се изготвува нова стратегија“, рече пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Велика Стојкова Серафимовска во гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Телевизија Алфа.

Таа истакна дека од една страна власта вели дека го повлекла законот за културно наследство и нема да има никаква опасност, а од друга страна ги ставаат трите збора наоѓалишта и археолошки информации.

„Во овие нови 5 пакет закони кои ни се дадени има најава дека ќе биде засегнато и археолошкото наследство, зошто е тоа така? Затоа што во законот за урбанистичко планирање се изнесуваат работите за да се забрза со градба. Таму во еден член се спомнува археолошки информации и зборот наоѓалишта а пак тој закон е многу поврзан со законот за градба кои ќе бидат процедурите. Тоа е се со намера да се забрза процесот многу рокови се скратени“, кажа Стојкова Серафимовска.

Таа изјави дека сега со ова ние во моментов немаме траса, а едно од најголемите забелешки е дека се гласа нешто на жими мајка и никој не знае што ќе биде.

Стојкова Серафимовска кажа дека ВМРО-ДПМНЕ се буни против европското злоупотребено знаменце затоа што не може вака брзо и по секоја цена со скратени постапки за се.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk