16.8 C
Skopje
Monday, June 21, 2021

Стојаноски: Бирото за јавни набавки ги опоменало институциите за необјавувањето единечни цени на склучени тендери

Најчитани вести

Бирото за јавни набавки испратило допис до институциите, министерствата, агенциите, државните и јавни претпријатија и општините во кој ги опоменува институциите дека некои од нив по склучување договори кои се резултат на тендерската постапка не ги прикачуваат поединечните цени по ставки. Ова на прес конференција го објави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски покажувајќи документ за кој тврди дека е токму тој од Бирото за јавни набавки истпратен до дел од институциите.

„Изминативе денови објавивме дека Петре Шилегов, Златко Марин, Стефан Богоев, Саша Богдановиќ, министерството за транспорт и врски и Државни патишта трошеле милиони народни пари, а потоа не ги објавувале поединечните цени на страната на Бирото за јавни набавки. Што кријат овие функционери и зошто го прекршиле Законот за јавни набавки и неговиот чл.70 ст.3. Дали зад необјавувањето на единечните цени се крие можно прикривање на преплатени производи и услуги како случајот во Аеродром, каде видовме како Златко Марин платил 250 евра за обрач за кош и 300 евра за корпи? Или набавката на противпожарното возило со скала на Петре Шилегов, кое го платил по цена двојно поскапа од тоа што Град Загреб платил за идентично такво возило“ – рече Стојаноски.

Тој уште вели дека овие институции имаат законска обврска да ги објават единечните цени, а доколку тоа не го сторат, Бирото за јавни набавки може да ги блокира.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести