20.8 C
Skopje
Sunday, September 26, 2021

Стојановски го постигна првиот гол за Ним

Најчитани вести

Македонскиот интернационалец синоќа го прослави својот деби погодот во дресот на француски Ним во куп победата над Ленс.

За првпат Влатко Стојановски доби шанса да игра од самиот почеток и притоа ги одигра сите 90 минути. Во натпревар од францускиот Луга куп неговиот Ним на „Костјер“ го пречека второлигашот Ланс.

Во 86-тата минута, неговиот партнер од нападот Сами Бен Амар изнуди пенал и ја зема топката за да го изведе. Но, од клупата реагираше тренерот Бернар Блакуар кој побара да му ја остави топката на нашиот Влатко.

Стојановски шутираше одлично не оставајќи му шанса на гостинскиот голман Дидје Деспрес. Тој ги постави конечните 3:0 со што Ним се пласираше во осминафиналето.

Откако беше најдобар стрелец во македонската лига минатата сезона, летово Стојановски од Ренова направи трансфер во Ним. Потоа стана и дел од македонската репрезентација, но сѐ уште го чека првиот настап.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com