1.8 C
Skopje
Sunday, January 29, 2023

Стотина се водат за исчезнати во урнатата зграда во Мајами

Најчитани вести

Засега не е познато што е причината за уривање на дел од зградата, изградена пред 40 години, но познато е дека се вршени интервенции на покривот на зградата и други поправки
Спасувачките екипи сè уште ги пребаруваат урнатините од станбена зграда која делумно се урна на брегот на океанот недалеку од Мајами, при што загина најмалку едно лице, а исчезнаа близу 100 лица, соопштија американските власти.

Спасувачките екипи открија звуци, но не и гласови под урнатините, неколку часа откако се урна дел од зградата во Сурфајд, Мајами.

Засега не е познато што е причината за уривање на дел од зградата, изградена пред 40 години, но познато е дека се вршени интервенции на покривот на зградата и други поправки.

Градоначаличката Левин Кава изјави дека засега не е ппозната судбината на 99 лица, но дека некои можеби не биле во зградата за време на трагедијата.

Во меѓувреме се лоцирани уште 102 лица..

Претставник на противпожарната служба претходно изјави дека 35 лица биле евакуирани од левата страна на станбениот комплекс, кој не е урнат.

Специјални екипи, со помош на обучени кучиња и беспилотни летала извлекоа две лица од урнатините.

Директорот на полицијата во областа Мајами-Дејд, Фреди Рамирез, рече дека спасувачите нема да се откажат или да ја прекинат акцијата и дека е можно бројот на жртвите и исчезнатите да се промени.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести