17.8 C
Skopje
Sunday, March 26, 2023

Стотина британски компании поради брегзит се преселија во Холандија

Најчитани вести

Стотина компании го пренеле својот бизнис од Велика Британија во Холандија или таму основале канцеларии за да останат во рамките на Европската Унија по планираното излегување на Велика Британија од блокот, објави во понеделникот холандска државна агенција.

Слични потези разгледуваат и дополнителни 325 компании кои се загрижени за губење на пристапот до пазарот на ЕУ по брегзит, нагласува холандската агенција за странски инвестиции.

„Постојаната растечка неизвесност во Велика Британија и изразената можност за брегзит без договор им задаваат на овие компании голема економска главоболка“, вели Јерон Нијланд, комесар во државната агенција НФИА.

Затоа, според него, сè повеќе компании се насочуваат кон Холандија како можна нова база на европскиот пазар.

Станува збор за компании од сегментот финансии, информатичка технологија, медиуми, маркетинг, биологија и здравство, се појаснува во соопштението на агенцијата.

Германија, Франција, Белгија и Ирска се најголеми конкуренти на Холандија во привлекувањето компании кои се селат поради брегзит.

По преземањето на премиерската функција минатиот месец, Борис Џонсон изјави дека ќе ја изнесе Велика Британија од ЕУ на крајот од октомври, со или без договор, потсетува „Ројтерс“.

Најнови вести