20.8 C
Skopje
Friday, June 18, 2021

Стоп за кафето и вежбањето наутро: Британска докторка предупредува на 3 грешки кои го загрозуваат здравјето

Најчитани вести

На телото му е потребно време да се разбуди по спиењето, што значи дека некои работи не треба да ги правите веднаш по станувањето од кревет, тврди Миријам Стопард, позната британска докторка, ТВ водителка и колумнистка.

Како што советува Стопард, треба да заборавиме на вежбањето по будењето бидејќи телото е дехидрирано и ткивата не можат да се истегнат на правилен начин.

Мускулите се вкочанети, а интервертебралните дискови не се доволно опуштени, па доколку не сте внимателни, може да се повредите. На листата на најчести грешки кои ги правиме по будењето е и консумирањето сок од портокал бидејќи како што вели таа, тој прави повеќе штета отколку корист.

Кафе на празен стомак? Не е добра идеја!

Имено, кафето го преоптоварува метаболизмот и го подигнува нивото на шеќер во крвта. Тоа е затоа што метаболизмот, кој го регулира инсулинот, се уште не е во целост функционален.

Исто така, д-р Стопард советува да избегнувате пиење кафе на празен желудник бидејќи тоа всушност ја намалува способноста на метаболизмот за контрола на шеќерот во крвта, но дава чувство на ситост поради кое не внесуваме доволно хранливи намирници за појадок.

Истражувачите од универзитетот Бат веруваат дека овие информации за кафето можат да укажат на долготрајни здравствени последици. Имено, во своето истражување откриле дека овој црн напиток ја намалува контролата на шеќер во крвта за околу 50 отсто. Затоа е важно, предупредуваат истражувачите, секогаш да изедете нешо пред да консумирате кафе.

Докторката препорачува тоа да биде мал, но нутритивен појадок како овесни снегулки, овесна каша, јогурт или тост со авокадо.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести