Home » СТОП за брзото возење! До кога пешачкиот премин ќе се валка со крвта на невините?

СТОП за брзото возење! До кога пешачкиот премин ќе се валка со крвта на невините?

by Lina Muslija

Се будам од сонот во кој не се чувствувам безбедно ни додека одам по улица. Еден познаник ми кажа дека ова било нашето невреме. Се прашувате зошто? Па, на телевизиите секојдневно ечат ударните вести за нечии згаснати животи, баш на нашата улица. Ме будат силните свирежи на автомобилите кои не сакаат да те пропуштат ни на пешачкиот премин. Додека пак звукот на брзата помош од која крвта ти се смрзнува стана секојдневие.

Уште колку возачки дозволи треба да се издадат за да сфатиме дека во алкохолизирана состојба не треба да возиме. Се однесуваме како да е сè во ред додека крвта се пролева по улиците и додека дивеат брзите aвтомобили однесувајќи се толку недопирливо.

Искрено многупати сум се прашувал дали живееме во свет во кој треба да се чувствувам безбедно додека поминуваме на пешачкиот премин?

Од друга страна пак што правиме со условните казни на несовесните возачи, додека секојдневно ја бараме правдата за жртвите во сообраќајните несреќи.

Колку од нас го почитуваат знакот СТОП и дали воопшто ги знаеме знаците?

Велат дека луѓето имаат разум, па дали тогаш ние како припадници во сообраќајот се однесуваме разумно? Зборувам за сообраќајната култура која стана одлика на многумина.

Зарем ќе се разбудиме од сонот во кој децата не можат здрави да пристигнат на училиште поради несовесните возачи кој не те пуштаат да поминеш на пешачки премин?

Од сонот во кој ни на старите лица никој ништо не му простува доколку бавно се движат по улица.

Би ве прашал до кога ќе мора брзината на возење да „докажува“ колку сме јаки?

Да ви кажам нешто, но да не ми се навредите, сè додека ги паркираме нашите автомобили по зелените паркови, велосипедските патеки и на местата обезбедени за лица со инвалидитет и додека со соседот водиме инает кој ќе ја има поскапата и побрза кола, остануваме заковани во безредието кое претставува закана по нашиот живот.

И додека ја испишувам последната страница од овој монолог, се прашувам колку ќе биде постигната мојата цел доколку не упатам една гласна порака до сите нас.

Време е пешачкиот премин да престане да се валка со крвта на невините, време е знакот СТОП да важи подеднакво и време е да престанеме маалската улица каде играме фудбал да ја гледаме како автопат.

Да го направиме нашето учество во сообраќајот безбедно, размислувајќи. Бидејќи без вас, мојот сон е само идеја, а заедно со вас може да биде револуција!

Стоп за брзото возење! 

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk