9.8 C
Skopje
Monday, October 18, 2021

Стопанска комора- Од Владата зависи колку ќе поскапи храната

Најчитани вести

Драстично поскапување на храната, во некои сектори и од 40 до 50 отсто, ако Владата не помогне во спречување на ценовниот шок, предупреди денеска на прес конференција Стопанската комора. Со оглед на светските трендови поскапувања секако ќе има, но колкави ќе бидат, најмногу зависи од државата и од тоа, какви одлуки ќе се донесат, велат оттаму.

Цените само на сувомесните производи се очекува да се зголемат за 20 – 40 проценти, но зголемување на цената ќе има и кај лебот. Во излагањето на претставниците на бизнис заедницата на прес конференцијата беше посочено дека компаниите од прехранбениот сектор бараат итна средба со Владата, и ако Владата излезе во пресрет, растот на цените ќе изнесува околу 15%.

Според нив причина за раст на цените се климатските промени, намаленото земјоделско производство, недоволната работна сила, скапиот транспорт и скапите енергенси.

„Ако суровините минатата година поскапеа до 40 отсто, се очекува поскапувањето на крајните производи да биде од 40 – 50 проценти, а тука секако треба да се додаде и новата цена на енергенсите. Додека домашните малопродажни синџири кај нас се уште молчат и тивко покачуваат цени, супермаркетите во САД и Велика Британија отворено објавуваат дека цените на храната ќе растат наесен. Комотни се и големите синџири на маркети, но на крајот ќе мора да реагираат“, изјави Васко Ристовски од Стопанската комора.

Тој додаде дека драстично поскапеа житарките и маслодајните семиња. Нивните цени во моментов се повисоки за 20 до 100 проценти отколку пред една година. Со оглед дека житарките и маслата се составен дел на многу прехранбени производи, се стравува дека скокот на нивните цени ќе предизвика бројни поскапувања на храната во продавниците, што би го загрозило животниот стандард на граѓаните.

Ристовски обвини дека државата нема слух за укажувањата на секторот. Проблем е, рече, и тоа што примарното производство односно суровините се во ингеренции на Министерството за земјоделство, а преработките во Министерството за економија, па наместо на еден, проблемите мора да се решаваат на два фронта кои често не се усогласени.

Претседателот на Групацијата за месо и месни преработки, Гоце Трајчев дополни дека едно обезбедување поддршка, а сосема нешто друго нејзино реализирање во реалноста.

„Поскапувањето на месните преработки се очекува да биде 15 отсто колку што е на глобалните пазари, но може да е и повеќе, 30 – 40 проценти ако државата продолжи да ја игнорира поддршката. Само 20 – 30 отсто се царинските давачки за увоз на смрзнато свинско месо за преработка. Значи, од државата зависи колкави ќе бидат поскапувањата“, подвлече Трајчев.

Стопанската комора смета дека се наметнува потреба од интервенција на државата во делот на субвенции, но ако тие имаат краен ефект. Според претставниците на Стопанската комора агросекторот изминатите децении е во втор план. Субвенциите растат, но треба да се измени методологијата за нивно давање. Наместо по површина, да се даваат по класи, односно квалитет и предадено на домашни откупувачи, велат оттаму

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com