Германската полиција не била малку изненадена откако во градот Гутерсло во покраината Северна Рајна Вестфалија запреле VW Touran. Наместо возачко седиште, имало класичен стол, без потпирач за грбот. Запрашан каде му е седиштето, 33-годишниот возач не можел да даде смислен одговор. А бидејќи немал ниту возачка дозвола, завршил под темелна истрага со забрана за возење.
И додека Германецот барем го прицврстил дрвеното столче, на другата страна на светот во Висконсин, полицијата запрела возило управувано од возач кој седел на камперско столче. Во Канада, пак, возачот наместо седиште користел стол на преклопување, па полицијата констатирала прекршување на законот и го исклучила од сообраќај спорниот Форд.

Конечно, германскиот Auto Motor und Sport го споменува и случајот со возачот на Smart кој бил исклучен од сообраќај бидејќи неговиот автомобил бил преполн со работи. Затоа, многумина со право се прашуваат дали ова станува тренд кај одредена популација на возачи кои воопшто не се грижат за безбедноста.

Можеби сето тоа изгледа забавно, но се подразбира колку е опасно да се вози автомобил без фабрички поставено седиште. Покрај големата казна во случај на несреќа, корисникот лесно може да биде сериозно повреден, па дури и да ја загуби главата.