9.8 C
Skopje
Monday, October 18, 2021

Столтенберг со критики за обидите за формирање европска алтернатива на Алијансата

Најчитани вести

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг синоќа во Вашингтон ги критикуваше земјите што сакаат да ја зајакнат европската одбрана и нагласи дека воспоставувањето „конкурентни“ структури за НАТО може да доведе до слабеење и поделба на Северноатлантската алијанса.

Во време кога се одржуваше состанокот на Европската унија во Словенија, на конференција на Универзитетот Џорџтаун во Вашингтон, Столтенберг беше прашан за последиците за трансатлантските односи од договорот АУКУС меѓу САД, Австралија и Велика Британија .

– Разбирам дека Франција е разочарана бидејќи Канбера го раскина ‘мега договорот’ за купување француски подморници. Во исто време, сојузниците се согласуваат за нашата главна цел-мора да останеме обединети, нагласи тој, јави Хина.

Столтенберг додаде дека не верува во напорите да се создаде нешто надвор од рамките на НАТО, што ќе се натпреварува со Алијансата или ќе ја замени.

Во пораката до 27-те шефови на држави или влади собрани на Брдо кај Крањ, Столтенберг нагласи дека 80 проценти од трошоците за одбрана на НАТО се обезбедени од земји што не се членки на ЕУ.

– Тоа се секако САД, но и други сојузници. Но, географијата е исто така важна, Турција на југ, Норвешка и Исланд на север и САД, Канада и Велика Британија на запад. Ако ја погледнете мапата, тие се важни за заштита на цела Европа, истакна тој.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com