23.8 C
Skopje
Tuesday, July 27, 2021

Столтенберг: НАТО до мај ја одложува одлуката за повлекување на војниците од Авганистан

Најчитани вести

Министрите за одбрана на НАТО до мај нема да одлучат дали ќе ги повлечат војниците од Авганистан, согласно договорот со талибанците, наведе денеска генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг, пренесе ДПА.

-Ние не донесовме конечна одлука за иднината на нашето присуство таму. Но, бидејќи 1 мај е крајниот рок, НАТО сојузниците во следните неколку недели ќе ги продолжат тесните консултации и координации, објави Столтенберг по разговорите со одбранбените министри.

Тој ја повика оваа радикална исламистичка група да преговара со добра волја, да го намали нивото на крвопролевање и да ги исполни своите заложби за запирање на соработката со меѓународните терористи.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести