-3.2 C
Skopje
Wednesday, January 19, 2022

Столтенберг: Кризата на белоруската граница се уште не е завршена

Најчитани вести

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, предупреди дека мигрантската криза на источната граница на Европската унија сè уште не е завршена, бидејќи луѓето продолжуваат да се обидуваат илегално да влезат во Унијата од Белорусија, пренесе ДПА.

-Интензитетот е доста променет, секако не е толку сериозно како што беше пред неколку дена. Но, мислам дека е рано да се каже дека е готово, рече Столтенберг во интервјуто емитувано синоќа на летонската телевизија.

Со недели наназад на границите на ЕУ со Белорусија има високи тензии бидејќи мигранти од Ирак, Јемен, Сирија, Авганистан или Иран се обидуваат да ги влеат во ЕУ, а најтешко се погодени Полска, Литванија и Летонија.

Многумина веруваат дека кризата е намерно смислена и форсирана од долгогодишниот белоруски претседател Александар Лукашенко, како одмазда за санкциите на ЕУ кон неговата земја, што беа воведени по ланските оспорени претседателски избори, пренесува ДПА .

Лукашенко постојано ги негира овие тврдеа на западот, но, исто така, неделава беше дециден кога од бегалски центар во близина на границата со Полска кажа дека нема да ги спречи мигрантите да продолжат да се движат кон границата на неговата земја со ЕУ.

-Мораме да бидеме внимателни, мора внимателно да го следиме развојот на настаните и да продолжиме да испраќаме јасни пораки, рече Столтенберг во интервјуто за летонската телевизија, чии делови пренесува ДПА .

Столтенберг денеска е во посета на Литванија и Летонија, заедно со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com