Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска ќе ја посети Атина и во попладневните часови ќе се сретне со претседателот на Грција Прокопис Павлопулос и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис. Столтенберг во Атина ќе пристигне од Италија, а од Грција ќе замине на средби во Истанбул.