Home » Столтенберг во Турција – на маса прием на Шведска и Финска во НАТО

Столтенберг во Турција – на маса прием на Шведска и Финска во НАТО

by Журнал.мк

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска пристигнува во тридневна посета на Турција, каде што ќе се сретне со претседателот Реџеп Таип Ердоган, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и министерот за национална одбрана Хулуси Акар.

Столтенберг денеска ќе разговара со Чавушоглу по што ќе одржат заедничка прес-конференција.

Генералниот секретар на НАТО в петок ќе има средба со турскиот претседател.

Се очекува разговорите да бидат фокусирани на процесот на приклучување на Шведска и Финска во НАТО и настаните поврзани со руско-украинската војна. Пред посетата на Турција, генералниот секретар на НАТО имаше телефонски разговори со премиерката на Финска, Сана Марин и со премиерот на Шведска, Улф Кристерсон.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More