-1 C
Skopje
Monday, March 1, 2021

Стоилковски: За Заев, поважен е законот за дроги отколку македонските евроинтеграции

Најчитани вести

Зоран Заев и СДСМ среде трагедијата со отворањето на македонската интеграција за почеток на преговорите во ЕУ туркаат закон за дроги и се грижат за закон за богатење на личните семејни бизниси на кланот Заеви, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Како што рече тој, за Заев, поважен е законот за дроги за да спечалат семејните фирми во Свети Николе, Карбинци и во Валандово отколку македонските евроинтеграции.

„Уште повеќе, се злоупотребува европското знаменце за тоа. Демек, законот е европски, а нема ниту еден наведен референтен европски закон на кој би се повикувал овој закон“, посочи партискиот портпарол, кој потоа се задржа на средбата на премиерот со Биг Мајк, таканаречениот крал на марихуаната.

Според Стоилковски, токму по таа средба Заев изготвил закон од кој има личен интерес и, како што рече портпаролот, со европско знаме го доставил пред пратениците.

„Зоран Заев е само пример како картелот на власт, октоподот, ја злоупотребува власта за лични богатења. Политичките функции се злоупотребуваат за лични богатења на семејните бизниси. Затоа, бараме сите политичари што вршат јавни функции, доколку се сопственици, акционери или косопственици на одредени компании, суштински да ги отуѓат бидејќи отвораат можност за корупција и за насочување на економските текови во државата кон лични цели“, посочи Стоилковски.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести