-4.2 C
Skopje
Wednesday, December 1, 2021

Стоилковски: Дали нема вакцини зошто нема ни процент од тендерот за Заев и Филипче?

Најчитани вести

На срамот и на неодговорноста, но и на непочитта на Зоран Заев и на Венко Филипче кон Македонија им нема крај! Нема дно кое што не можат да го пробијат со лаги и неодговорност. А заради нивните лаги и неодговорност, Македонија е слепо црево во Европа со справувањето со епидемијата од корона. Два месеци се лаже дека е обезбедена вакцина.

И Зоран Заев денеска повторно, само и само, во маркетиншки цели, на скали пред суд, посочи дека договорил вакцини, сега од Србија. Со тоа Заев потврдува дека ниту од Бугарија, ниту од Грција, Македонија нема да добие навреме вакцини, нема да добие вакцини од секоја пратка до Софија и до Атина, онака како што убедуваа со месеци – едноставно вакцини од таму НЕМА!

Тоа значи, повеќе од два месеци Заев и Филипче лажеа за обезбедени вакцини и за почеток на вакцинацијата. Бугарија и Грција се вакцинираат повеќе од 20 денови, во Албанија вакцинацијата започна минатата недела, Србија почна прва во регионот во декември, а Македонија се уште брои заразени, и за жал починати од корона! За вакцина нема ни В.

Заев и Филипче убедуваа дека вкупната бројка на заразени нема да биде повеќе од 2.000 лица, за денес да има 89.000 вкупно заразени, со црна бројка од над 2.700 загубени животи поврзани со епидемијата. Само денеска 13 лица ја загубија борбата со пандемијата.

Се потврди тоа што предупредувавмесо недели, дека Владата и преку своите интернет гласила ЛАЖЕ и шири ЛАЖНИ ВЕСТИ за вакцинацијата во Македонија!

ЗА потсетување – на ист принцип се однесуваат во текот на целата епидемија речиси цела година: кога сите се подготвуваа со тестери за корона – ние немавме; Сите создадоа СИСТЕМ за економска заштита од корона, ние „Блескавме“, еве го резултатот сега – најголема смртност во регионот поврзана со корона и држава во економска рецесија! И држава, која што нема абер за почнување на процес на вакцинација против короната.

И за жал, ниту денес Заев и Филипче знаат кога точно ќе дојдат вакцините, ниту колку би дошле, ниту колкав број на вакцини се потребни во Македонија. Останува прашањето колку животи чини ова доцнење и оваа неодговорност, па и колкумина ќе останат со тешки последици заради доцнењето на вакцините?

Оваа неодговорност во најмала рака бара оставки, затоа што како одминува време, се погласно е прашањето дали не се набавија вакцините на време затоа што нема процент од тендер за нив?

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com