4.1 C
Skopje
Friday, December 3, 2021

СТИМУЛАЦИЈА – ран детски развој

Најчитани вести

Истражувањата докажаа дека играта во првите години од животот на детето е од огромно значење за неговиот понатамошен развој и имаат огромна улога врз неговите идни социјални, емоционални, моторни и когнитивни вештини.

Раната стимулација не е за да го форсираме детето да постигне цели и да изврши задачи за кои сè уште не е спремно. Напротив, потребно е да се препознае потенцијалот на секое дете и соодветно да се стимулира истиот. Секое дете е различно и има сопствено темпо на развој. Да не го заборавиме тоа и сопствените желби и цели кои можеби ги имаме како родители во врска со развојот на сопственото дете да ги прилагодиме на него и неговите способности, афинитети и желби..

Иако на моменти делува дека границата помеѓу стимулирање и форсирање е тенка, да бидеме внимателни истата да не ја преминуваме.

Игра со детето. Едноставен начин за стимулација на бебето, од најраната фаза во животот, е преку играта. Од огромна важност е бебето да се чувствува удобно, да е нахрането, одморено и наспано, а ние да му овозможиме средина за тоа.

Стимулативна средина која ќе му овозможи на детето без одвлекување на вниманието од различни медиуми (ТВ, мобилен телефон,таблет) да игра и да се забавува. Користење на сензорни играчки прилагодени на возраста и интересот на детето, се со цел да се задржи неговото внимание, е основен предуслов за правилна стимулација и развој уште од најрана возраст.

Како поддршка на детскиот развој ДНА АННИ ФАРМ ви препорачува додатоци во исхраната Becutan KIDS VITS

BECUTAN KIDS VITS – Аптека ДНА Анни Фарм (annifarm.com.mk)

Додатоците во исхраната Becutan KIDS VITS 1+ претставуваат Ваши партнери во секојдневната грижа за правилен раст и развој на Вашето дете. Внимателно избраните вкусови и фармацевтски форми ги прават овие производи прифатливи и атрактивни и за Вашите малечки, со цел негата на нивното здравје да биде поуспешна и позабавна.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com