Италијанката Дилета Леота која стана позната на овие простори по влегувањето во врска со најзгодниот турски актер Џан Јаман, навистина може да се пофали со одличен изглед, но и моден стил кој е внимателно избиран.
Водителката и новинарка моментално е на одмор со Џан во Турција каде секојдневно објавува каков моден избор направила.
Денес Дилета нека ви послужи како инспирација со романтичен бел фустан одличен за ноќни излегувања и прошетки на плажа.