Home » Стигна решение: Кеба веќе не мора да пее ако му е доста- еве колку пензија ќе му „легнува“ на сметка месечно

Стигна решение: Кеба веќе не мора да пее ако му е доста- еве колку пензија ќе му „легнува“ на сметка месечно

by Lina Muslija

Фолк-пејачот Драган Којиќ Кеба минатата година наполни 65 години и тогаш веќе имаше право на пензија, но барањето до Фондот на ПИО го поднел дури во февруари 2022 година, а одлуката дошла неодамна.

Во образложението пишува дека го наполнил условот за возраст и дека неговата месечна пензија, која ќе ја добива во два дела, ќе изнесува нешто повеќе од 46.000 динари.

Кеба со години се занимавал преку својата фирма „Кебони“ преку која плаќал данок на државата, а имал и статус на истакнат уметник, па се претпоставува дека на овој начин ги исполнувал законските норми за пензионирање пишува Курир.рс

Освен Којиќ, меѓу забавувачите кои земаат пензија се и Саша Поповиќ (700 евра), Злата Петровиќ (35.000 динари, плус пензија од Австрија 800 евра), Нада Обриќ (16.000 динари), Хасан Дудиќ, Бора Ѓорѓевиќ (народна пензија), Нада Топчагиќ (35.000 динари), Раде Јоровиќ (25.000 динари), како и актерите Богдан Диклиќ, Лаза Ристовски, Воислав Брајовиќ и други.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More