24.8 C
Skopje
Saturday, June 12, 2021

Стивен Биган назначен за заменик-државен секретар на САД

Најчитани вести

Американскиот претседател Доналд Трамп го назначи американскиот специјален претставник за Северна Кореја Стивен Биган (56), ветеран за надворешна политика, за следен заменик-државен секретар.

Неименуван американски службеник изјави дека Биган ќе ги задржи своите одговорности во дипломатијата со Северна Кореја. Биган ќе го замени Џон Саливен како службеник бр. 2 на Стејт департментoт.

Саливен е номиниран за следниот амбасадор во Русија, пренесува „Ројтерс“.

Номинацијата на Биган има широка поддршка меѓу високите дипломати, а тој исто така се смета за погоден кандидат за државен секретар во случај Мајк Помпео да одлучи да се пензионира и да се кандидира за место во Сенатот следната година.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести