На 10 дена од закажаната седница во законодавниот дом, за првата фаза на уставните измени, гласањето за потребата од промена на Уставот, од Стејт департментот охрабрување до владите на Северна Македонија и Бугарија да продолжат со дијалогот за решавање на разликите, исполнување на претходните договори и поддршка на брзиот пристап на нашата земја во европското семејство.
Ставот го соопшти портпаролот на оваа американската институција за Гласот на Америка на македонски јазик.Специјалниот претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, на дебата за регионот во Конгресот, посочи дека сад се ангажирани со новата бугарска влада да се осигурат дека нема да има нови барања откако државата ќе ги исполни обврските од постоечките договори.
„САД силно ја поддржуваат целосната интеграција на Северна Македонија во Европската унија, со што земјава ќе биде посилна и попросперитетна, се вели во изјавата од Стејт департментот.