Home » Стејт Департмент: Излегувањето на косовските Срби од институциите на Косово е загрижувачки

Стејт Департмент: Излегувањето на косовските Срби од институциите на Косово е загрижувачки

by Журнал.мк

САД и ЕУ се загрижени од неодамнешниот развој на настаните во Косово со напуштањето на косовските Срби на институциите на земјата, а Вашингтон повика на итно започнување преговори за создавање Асоцијација на општини со српско мнозинство во Косово, соопштија од американскиот Стејт департмент.

-Сметаме дека тоа не е решение за тековните разногласија. Тоа има потенцијал уште повеќе да ги ескалира тензиите на теренот, изјави синоќа портпаролот Нед Прајс.

САД ги повикаа страните во спорот да ги намалат тензиите и да осигураат мир и стабилност со повик до Србија и Косово да ги имплементираат веќе потпишаните договори.

-Акциите и реториката кои ги зголемуваат можностите за насилство ставаат под непотребен ризик невини животи и оние на меѓународните мировнички сили. И Србија и Косово треба да ги имплементираат договорите што веќе ги потпишаа во рамките на процесот на дијалог, а тоа вклучува и започнување преговори за создавање Асоцијација на општини со српско мнозинство во Косово, рече Прајс.

Српскиот претседател Александар Вучиќ одлуката за излегувањето завчера ја нарече „историска” и побара мировниците од КФОР и ЕУЛЕКС да ги вршат полициските работи во северниот дел на Косово.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More