15.8 C
Skopje
Saturday, October 1, 2022

Стејт департментот обвинува 6 руски разузнавачи за глобалниот кибер-напад во 2017 година

Најчитани вести

Американскиот Стејт департмент соопшти дека 6 разузнавачи од Одделението за кибернетика на руската Централна разузнавачка агенција (ГРУ) биле вклучени во глобалниот кибер-напад со малициозен софтвер во 2017 година кога биле инфицирани компјутерските системи на неколку приватни американски институции, вклучувајќи го и националниот здравствен систем.

„NotPetya“ кибер-нападот од 2017 година оштетил делови на инфраструктурата и компјутерите во Украина, во Франција, Германија, Италија и САД, предизвикувајќи штета проценета на неколку милијарди долари.

Русија негира каква било вмешаност во инцидентот.

Според соопштението од Стејт департментот, американската федерална Голема порота во 2020 година обвини шестмина офицери на единицата „Песочни црви“ покрај останатото и за „заговор за извршување компјутерска измама и злоупотреба“.

Притоа од Вашингтон се нуди награда во висина до 10 милиони американски долари за информации што би довеле до идентификација или лоцирање на секое од обвинетите лица, за кои Департментот вели дека „под раководство или контрола на странска влада спроведувале кибер-активности насочени против американската софтвер-инфраструктура“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com