-2.2 C
Skopje
Monday, February 6, 2023

Стејт департментот нуди до десет милиони долари за информации за хакерски напади

Најчитани вести

Американскиот Стејт департмент ќе понуди награди до десет милиони долари за информации што би довеле до идентификување на лица вклучени во злонамерни хакерски активности, поддржани од други држави. Наградата се однесува и на таканаречените напади на ренсомвер, односно на лица кои блокираат пристап до податоци со хакерски напади врз важна инфраструктура сè додека не се плати откупот. Активностите за борба против ваквите напади ќе бидат координирани од специјална работна група формирана од Белата куќа.
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден исто така ја отвори веб-страницата stopransomware.gov, која нуди јавни ресурси за спротивставување на таа закана и за изградба на поголема издржливост на американската сајбер инфраструктура.

Американските власти исто така одлучија дека Одделот на Министерството за финансии за финансиски криминал треба да соработува со банки, технолошки компании и други со цел поефикасно да се бори против перењето пари во форма на криптовалути и побрзо трагање на приходите од сајбер напади.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести