36.8 C
Skopje
Sunday, August 1, 2021

Стејт департментот им нареди на своите вработени да го напуштат Авганистан

Најчитани вести

Стејт департментот им издаде упатства на службениците на американската Влада со наредба да го напуштат Кабул, главниот град на Авганистан, доколку можат да ја вршат работата на друго место.

– Патувањето во сите делови на Авганистан не е безбедно поради критичниот број киднапирања, заложници, самоубиствени бомбашки напади, широко распространети воени борбени операции, нагазни мини и напади од терористи и бунтовници, вклучително и напади со употреба на возила, магнетни или други импровизирани експлозивни направи, самоубиствени елеци и гранати, се наведува во упатството.

Вршителот на должноста амбасадор на САД во Авганистан, Рос Вилсон рече дека Стејт департментот ја донел одлуката „во контекст на се поголемиот број насилство и закани во Кабул”.

Тој додаде дека наредбата влијаела на неодреден и релативно мал број „вработени” и оти Амбасадата ќе продолжи да работи.

– Персоналот кој итно беше потребен за решавање на прашањата поврзани со повлекувањето на американските сили од Авганистан и виталната работа што ја работиме за поддршка на авганистанскиот народ ќе може да остане на свое место, напиша Вилсон на Твитер.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести