18 C
Skopje
Saturday, February 27, 2021

Стечајците од ,,Охис” бараат исплата на платите

Најчитани вести

Екоцентар 97 ќе продолжи да го чисти хемискиот отпад од Охис уште 4 месеци. Поголемиот дел од доверителите на денешното Собрание дале амин фирмата да продолжи со работа.

Иако бившите вработени денеска преку мирен протест, побараа тоа да не се дозволи, бидејќи фирмата не успеала да ја заврши работата.  Бараа парите кои ги добила Екоцентар 97 да се вратат. Станува збор за околу 2 милиони евра, пари кои се доволни за исплата на годишна плата за илјада охисовци.

И покрај наши дека е противзаконски, односно спротивно на член 4 од основен договор, каде точно се наведува дека може да се продолжи со анекс на договорот, односно само во виша сила, што не беше случај во оваа ситуација.“

„Сами си назначија рок дека ќе дислоцираат и но штом не е направено значи не се професионални..

Може да се каже фирмата сметаме дека не е професионална толку за вакви хемиски дејанија, а нас не чуди незавршена работа, а пари им се префрлени, мислиме дека треба да вратат и да влезат во стечајна маса и да се поделат на бившите вработени…“

Последниов период Охис често е во фокусот на јавноста, особено по инцидентот кој се случи пред извеен период кога се излеа вода со која се чистел метил акрилатот.

Надлежните дури и ги отворија портите на Охис, со цел да уверат дека нема простор за паника.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести