7 C
Skopje
Thursday, January 21, 2021

Стефан Живојиновиќ откри каков однос има со сестрата на Богдана: „Најверојатно поради тоа мислат дека сме заедно“

Најчитани вести

Неодамна српските медиуми пишуваа дека синот на Лепа Брена, Стефан Живојиновиќ е во врска со сестрата на Богдана, Бојана. Како што тврдеа медиумите наводно тие се заедно неколку месеци, но се кријат од очите на јавноста.

Меѓутоа, Стефан ги демантираше овие пишувања и откри дека не е во врска со Бојана и потенцираше дека е „сингл“.

Сепак, Живојиновиќ сега откри каков е неговиот однос со сестрата на Богдана.

„Бојана и јас се познаваме, пријатели сме, па најверојатно поради тоа пишуваа дека сме заедно. Навистина никогаш не би барал популарност на тој начин, да не помисли девојката дека тоа е од моја страна“ изјави Стефан.

Инаку, Живојиновиќ неколку пати досега има истакнато дека неговата партнерка мора да има цел, а многу му е важно да се поклопуваат енергиите. За потсетување, неговиот брат Виктор Живојиновиќ неодамна ја покажа својата нова девојка.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести