-3 C
Skopje
Wednesday, January 20, 2021

Стефан Величковски си отиде од „Гранд“

Најчитани вести

Македонскиот пејач Стефан Величковски, кој ја отвори 14. сезона на „Ѕвездите на Гранд“, веќе нема да пее во шоуто. Иако го помина првиот круг и го избра Ѓорѓе Давид за свој ментор, тој не се појавил на првите две проби со него. Стефан потоа ја известил продукцијата дека веќе нема да се натпреварува, пишуваат српските медиуми.

„Ова ми е трета година по ред да пеам во ‘Гранд’ и навистина многу ми помогна во кариерата. Имам премногу настапи и не можам соодветно да се посветам на натпреварот годинава, ми треба пауза. Лани имав одлична соработка со Вики, а сега одлучив да се повлечам пред да му го трошам непотребно времето на Ѓорѓе. Имам поддршка од Саша Поповиќ и ‘Гранд’ за сè што работам, па се надевам дека многу наскоро таму ќе промовирам нешто ново на македонски јазик“, рекол Величковски.

Лани ментор на Стефан беше Вики и тој дојде до четвртиот круг на шоуто. Тој лани неколкупати се скара со Карлеуша на сцената, а таа тогаш му рече дека е арогантен и безобразен. Инаку, Величковски е дипломиран музички професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Текстот Стефан Величковски си отиде од „Гранд“ е превземен од Reporter.mk.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести