7 C
Skopje
Thursday, February 25, 2021

Стефанова: Прв пат ја гледам снимката за „Рекет“, ќе споделам се што знам со обвинителството

Најчитани вести

Лиле Стефанова, обвинителка која ја водеше истрагата за „Империја“ во која осомничен е бизнисменот Орце Камчев и други бизнисмени, во изјава за 24 вести вели дека утрово првпат ја видела снимката во која Бојан Јовановски зема пари од Камчев.

-Не само што не сум знаела дека постои ваква снимка, туку и сум згрозена. Очекувам Обвинителстово за организиран криминал комплетно да го расчисти целиот случај. Јас ќе соработувам и ќе ги споделам сите работи кои ги знам, а сега не можам да ги кажам за да не и наштетам на истрагата – изјавила Стефанова за телевизијата.

Таа додава дека истрагата за „Империја“ е поставена на здрави нозе, но, како што вели, со месеци е закочена поради начелното мислење кое го донесе токму Врховниот суд.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести