23.8 C
Skopje
Friday, June 18, 2021

Стерјовски за СОТ7 телевизија: Не само што се чувствувам Македонeц, јас сонувам македонски

Најчитани вести

Лидерот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, гостувајќи во емисија на СОТ7 телевизија, рече дека „не само што се чувствува Македонeц, туку дека сонува македонски“ одговарајќи на прашањето како се чувствува Албанец или Македонец.

Јас секако дека се чувствувам Македонец. Не само што се чувствувам туку и сонувам на македонски. Областа каде што сум роден во општина Пустец е област каде што 100 отсто се македонска заедница. Ние таму до седум години не го зборуваме албанскиот јазик. Албанскиот јазик почнуваме да го учиме на училиште. Сопругата исто така е Македонка од истото подрачје, не знам, слушам македонски песни. Сум во мојот свет. Но сум албански државјанин. Сум лојален граѓанин, одговори Стерјовски. Додаде дека се чувствува Македонец, но албански државјанин и оти тоа го потенцирал во сите негови говори во Парламентот.

Се чувствувам Македонец но албански државјанин и тоа го потенцирав во сите мои говори во Парламентот, Албанија е наша татковина. И покрај фактот дека наша матична држава е Македонија, но ние тука сме родени, тука придонесуваме и го сакаме најдоброто за Албанија затоа што е наша татковина, родно место на нашите родители и деца и сакаме да имаме економски силна Албанија, да имаме многу добар здравствен систем, да ги имаме сите придобивки како и сите граѓани. Но, за тој дел мора да се смени менталитетот на сите нас како граѓани, за да придонесуваме за развој на земјата. Не само да чекаме од државата, туку и ние мора да придонесеме, посочи тој.

Вие зборувавте и македонски во албанскиот Парламент. Во Македонија ова е повеќе од нормално, бидејќи се знае дека таму има закон за јазици. Но овде како? Собраниската процедура предвидува да се зборува само на албански јазик, беше следното прашање на новинарот до Стерјовски.

Да, ова повеќе беше порака за охрабрување до македонската заедница. Ако ја погледнете пораката што ја дадов „Бидете горди Македонци, лојални граѓани на Албанија“. Откако влегов во Парламентот, членовите на македонската заедница ме прашува кога ќе зборувам на македонски, но им реков дека деловникот не го дозволува тоа.

Но, дека ќе се обидам да направам еден поздрав и им се заблагодарувам и на колегите кои ме поддржаа и добив аплауз за тој говор, одговори тој. Стерјовски на парламентарните избори на 25 овој месец ќе се трка за втор пратенички мандат. Се наоѓа на кандидатската листа на Социјалистичката партија за изборна единица Корча, каде го доби и првиот мандат.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести