27.8 C
Skopje
Friday, September 17, 2021

Стерлинг суспендиран од репрезентацијата после судирот со играчот на Ливерпул

Најчитани вести

Репрезентативците на Англија вчера се собраа пред натпреварите со Црна Гора и Косово, а уште на првиот тренинг селекторот Герет Саудејт се соочил со проблеми.

Англиските медиуми соопштија дека имало судир на Рахим Стерлинг и Џо Гомез. Стерлиг и Гомез имаа расправија во неделното дерби, а тензиите продолжиле и на репрезентативниот собир.

Прво дошло до вербален конфликт помеѓу двајцата кој според информациите го започнал Стерлинг. Наводно, напаѓачот на Сити бил лут поради однесувањето на Гомез во дербито.

На крајот Саудејт се одлучил да го суспендира Стерлинг и тој нема да биде во конкуренција за натпреварот против Црна Гора кој Англија го игра за два дена.

„Се уште емоциите после дербито се многу силни. Нас ни е голем предизвик да го раздвоиме ривалитетот од клубовите кога играчите ќе дојдат во репрезентацијата. Одлучено е Стерлинг да не игра против Црна Гора, верувам дека тоа е најдобро за екипата во овој момент. Тоа го одлучивме после разговор со целиот тим“, изјави Саудгејт.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com