Home » Стерлинг во Челси

Стерлинг во Челси

by Журнал.мк

Челзи постигна договор со Манчестер сити околу трансферот на Рахим Стерлинг. Според „Атлетик“, Челеси за овој трансфер ќе издвои 56 милиони евра.

27-годишниот фудбалер веќе ги договорил личните услови со „сините“ и ќе потпише петгодишен договор со опција за продолжување на уште една сезона.

Англискиот репрезентативец на почетокот на неделата ќе биде подложен на лекарски преглед во Лондон, по што ќе отпатува за САД, каде ќе им се приклучи на новите соиграчи на американската турнеја.

Менаџерот на Челзи, Томас Тухел, веќе разговарал со Стерлинг, а поранешниот член на Сити бил наводно импресиониран од визијата за фудбалот што му ја презентирал Германецот.

Во претходните седум години кога го носеше дресот на Сити, Стерлинг за актуелниот шампион на Англија постигна 131 гол на 339 натпревари.

Доаѓањата на Ерлинг Халанд и Џулијан Алварез на „Етихад“ и жестоката конкуренција во Фил Фоден, Џек Гралиш и Ријад Марез едноставно го принудија Стерлинг да си замине.

Поранешниот член на Ливерпул со Сити освои четири титули во Премиер лигата и ФА Купот и три во Лига купот.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More