24.8 C
Skopje
Tuesday, May 24, 2022

Стево Пендаровски в петок ќе се сретне со Македонци од Бугарија

Најчитани вести

Јавноста во Бугарија ја анализираат посетата на владината делегација од Македонија во Софија. Оценуваат дека е отворена вратата за влез на Бугарите во Уставот, но останува прашањето кога би се случило тоа. Својата поддршка ВМРО ја условува со реципроцитет за македонското малцинство во Бугарија.

„Скопје допушта отворање на Уставот заради Бугарите“, „Ковачевски остави отворена врата“, „Бугарите влегуваат во Уставот на Северна Македонија“, вака гласат дел од насловите во софиските медиуми, по посетата на премиерот Димитар Ковачевски.

Тие ова го заклучуваат од неговата изјава, кога премиерот вели дека секоја заедница може да побара да влезе во Уставот, а уставни измени и онака ќе има пред членството во Европската унија. Сепак, премиерот не беше дециден дали и кога би влегле Бугарите во Уставот. Наведе дека сепак, за негова измена е неопходно двотретинско мнозинство во Собранието. Ова прашање е едно од клучните бугарски барања за деблокада на евроинтеграцијата на Македонија, а последно тоа го повтори бугарскиот претседател Румен Радев, кој истакна дека оваа идеја зрее и во Скопје.

Сега пак, во бугарската јавност се наметна дилемата дали ова барање Македонија треба да го исполни пред стартот на преговорите со Брисел или пак пред членството во ЕУ?

„Клучното прашање е кога ќе се случи вклучувањето на Бугарите како дел од народите кои ја образуваат државата Северна Македонија. Неспорно е дека треба да има јасни гаранции дека ова ќе се случи во разумен рок“, рече Наум Кајчев – член на Мешовитата историска комисија.

На брифинг со новинарите, премиерот Ковачевски вчера истакна дека до договор со Софија ќе се стигне преку создавање на прецизна временска рамка што би ги опфаќала сите отворени политички прашања. Неговиот претходник, Зоран Заев, при последната посета во Бугарија нагласи дека Бугарите ќе бидат опфатени во Уставот, заедно со Хрватите, но пред зачленувањето во Унијата. Воедно и министерот за надворешни работи, Бујар Османи имаше изјавено дека Бугарите треба да бидат спомнати во Уставот како посебна етничка заедница, ако тоа им значи. Тој го спомена и влезот на Црногорците во Уставот. Ваквиот став неодамна го потврди и претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак, за да гласаат „за“, бараат реципроцитет, преку признавање на македонско малцинство во Бугарија. Петков истакна дека ова прашање, на средбата со претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, не било покренато.

Новинар: Дали тој би поддржал Бугарите да влезат во Уставот? Дали пратениците на ВМРО-ДПМНЕ би гласале за тоа?“

„Ние во моментов се фокусиравме на темите за економија, инфраструктура и култура. Кажавме дека сите други прашања ќе ги дадеме на работните групи да ги изработуваат“, рече Петков.

Од друга страна, додека се бара влез на македонските Бугари во Уставот, од Вила Водно за Алсат потврдија дека претседателот Стево Пендаровски в петок напладне ќе се сретне со бугарските Македонци, здружени во неформалната организација „ОМО Илинден Пирин“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com