17.8 C
Skopje
Thursday, August 18, 2022

Стевановиќ: Порастот на ковид-случаи се должи на зголемената раздвиженост и малиот процент на вакцинирани

Најчитани вести

Зголемувањето на ковид-позитивните пациенти периодов се должи на зголемената раздвиженост, мал процент на вакцинирани против коронавирусот и опаѓање на имунитетот, изјави за МИА директорката на Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, Милена Стевановиќ.

Во моментов, како што информираше хоспитализирани се десет пациенти на Инфективната клиника и само неколку се со тешка клиничка слика.

– Тоа што може да се забележи е дека за разлика од претходните денови, сега има по 20 пациенти дневно за преглед – вели Стевановиќ.

Апелот на директорката е дека е потребно се зголеми процентот на вакцинирани лица, бидејќи повеќе од јасно е дека вакцините даваат заштита и полесна клиничка слика доколку се дојде во контакт со вирусот.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во периодот од 1 до 3 јули, од 1.695 тестирања, регистрирани се 290 нови случаи на ковид-19, од кои најмногу се од Скопје-186.

Од вкупниот број позитивни лица, 49 се реинфекции. Оздравени се 250 пациенти, а не е пријавено ниту едно починато лице.

Во моментов, активни се 935 случаи на коронавирусот. Согласно податоците од ИЈЗ, најголем број од активните случаи се во главниот град, и тоа 536, потоа во Битола – 59 и 42 во Куманово. Без ниту еден активен случај се Валандово, Кратово, Демир Капија, Македонска Каменица, Пехчево и Дојран.

Препораките од Комисијата за заразни болести остануваат исти како и досега. Комисијата препорачува граѓаните да бидат совесни и да го заштитат сопственото и јавното здравје и да ги применуваат општите мерки за заштита, како што се заштитна маска, одржување растојание и почесто миење раце.

Засега во сила останува само обврската за задолжително носење маски во здравствените установи, згрижувачките установи, аптеките и јавниот превоз.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com