21.8 C
Skopje
Friday, September 24, 2021

Статуа во чест на Јохан Кројф поставена на „Камп ноу“

Најчитани вести

Раководството на Барселона вчеравечер на стадионот „Камп ноу“ претстави статуа во чест на легендата на каталонскиот клуб Јохан Кројф. Бронзената скулптура тежи околу 3.500 килограми. Неговата висина е 3,5 метри.

Статуата е работена околу четири месеци. Холандската скулпторка Кори Амерлаан работеше на нејзиното создавање.

Кројф играше за Барселона од 1973 до 1978 година. Заедно со екипата стана шампион на Шпанија (1973/74) и освојувач на купот (1977/78). Подоцна, од 1988 до 1996 година беше тренер на Барселона. Под негово водство, клубот четири пати ја освои Примера (1990/91, 1991/92, 1992/93, 1993/94) и стигна до Суперкупот на УЕФА (1992).

Кројф почина во 2016 година на 68-годишна возраст од рак на белите дробови.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com