17.8 C
Skopje
Monday, September 26, 2022

Статистиката говори: Чави најлош тренер на Барселона во последните 20 години

Најчитани вести

Чави Ернандес пред околу една година беше донесен да го изгасне пожарот во Барслеона и да го врати клубот на победничките патеки.

Неговиот претходник, Роналд Куман според многумина не се снајде најдобро на „Камп Ноу“ па затоа заработи отказ од претседателот Жоан Лапорта кој потоа го ангажираше некогашниот легендарен играч на клубот.

Сепак, од она што може да се забележи, а тоа јасно го пренесуваат статистичките показатели, Чави е најлошиот тренер во Барселона во последните 20 години.

Имено, Чави им само 52,36% победи, односно на 38 натпреври колку што ја водел Барселона, победил на 20 средби, а забележал и десет нерешени резултати и осум порази.

Интересно е тоа што неговиот претхдник, Роналд Куман со 58,21% е прилично подобар од него, а подобар е и Кике Сетиен, тренерот кој споредмногумина важеше за најлош тренер во историјата на Барселона (64% победи).

Најуспешни тренери според овој статистички показател во Барселона се Луис Енрике со 76,26%, Тито Виланова со 75,56% и Пеп Гвардиола со 75,16% победи.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com